1. Туристичкиот водич (во натамошниот текст: водичот) ги обезбедува своите услуги на посетителите совесно и одговорно, посветено и професионално, со објективно претставување на посетените места, без предрасуди и било каква пропаганда.
2. Во улога на туристички амбасадор, тој/таа ентузијастички и оптимистички го штити угледот на својата земја, настојувајќи да им го претстави на локалните групи или на индивидуалните клиенти важноста на почитта кон животната средина, природните, културните и историските добра, објективно и во најдобро светло, презентирајќи ги локалните обичаи и традиции.
3. Во секое време ќе покаже подготвеност да обезбеди оптимална поддршка и квалитетна услуга за сите туристи и ќе им овозможи на туристите да уживаат или да ја посетат посакуваната дестинација
4. Во давањето услуга во никој случај нема да дискриминира било кој турист по било која основа, пр. боја, пол, етничка припадност, националност, физички предизвик, возраст, итн.
5. Во никој случај нема да биде под дејство на алкохол или наркотична материја додека е на должност и ќе се воздржи од сугерирање на било какви лекови на клиент без соодветна медицинска консултација.
6. Во случај на било каков инцидент на повреда или смрт веднаш ќе пријави на туристичката агенција и Полиција,со конфликти ситуации ќе се справува на чуствителен и одговорен начин.
7. Во извршувањето на своите задачи да биде соодветно облечен ,уреден и да ја запази хигијената, да биде точен,сигурен,искрен,совесен и тактичен во секое време заради себе и својот имиџ асоцијацијата која ја представува, а секако и својата држава.
8. Водичот пренесува факти прецизно, точно и јасно, нагласувајќи ја разликата помеѓу потврдени факти и приказни, легенди, традиции или мислења; свесно и / или намерно презентирање на неточни информации со цел да се скрие незнаењето за материјата за да се добие корист, се смета за сериозно кршење на овој кодекс.
9. Кога работи или во слободно време, водичот не заговара и не ги искажува своите лични ставови (верски, политички, расни и сл.), Мислења и предрасуди; ги третира сите учесници подеднакво, се стреми да има разбирање и толеранција на различно мислење, следејќи ги принципите на социјалните норми и придржувајќи се кон правилата на добро однесување.
10. Водичот се подготвува за секоја работа за која однапред е запознат со цел да се обезбеди најдобра можна услуга; освен тоа, поседува широко познавање на историјата, културата, политиката, архитектурата, обичаите и фолклорот на својата земја; знае сообраќајни регулативи, се придржува кон законските регулативи на локалитетите, е информиран за најдобрите патишта, запознаен е со работното време на институциите вклучени во спроведувањето на програмите, ги следи тековните програми, настани и промени во земјата или градот.
11. Водичот ги почитува основните етички принципи на професионално и колегиско однесување кон другите водичи и туристичките работници воопшто; настојува да одржува взаемно уважување и меѓусебно почитување со колегите ; ја почитува интелектуалната сопственост и работата на колегите.
Се смета дека сериозно кршење на овој кодекс е: изнесување или прераскажување злонамерни, невистинити или непроверени изјави и мислења за професионалната работа или приватниот живот на колегите, неовластено преземање на материјали, техники и вештини за презентација на други водичи..
12. Водичот за работната задача пристигнува на време, соодветно облечен; прифаќа секоја работа како сериозен ангажман, откажувајки ја само во неизбежни ситуации, со што навремено го известува работодавачот. При прифаќање на работа, водичот се запознава и ја почитува деловната политика на клиентот; го штити интересот на договорниот орган и се стреми програма успешно да се спроведува; кога е потребно да го стори тоа, водичот ефикасно и навремено ги исполнува своите работни обврски кон сите учесници во работата; не ја презема работата и не прави промени без претходнa консултација или известување на договорниот орган.
13. Водичот не ги злоупотребува привилегиите на бесплатните услуги што му припаѓаат, не бара типс како за себе така и за другите.
14. Водичот работи на самото усовршување, следејќи ги различните извори на стручна литература и присуствува на семинари и консултации според можностите; преку пракса и истражувачка работа го надополнува и го усовршува неговото образование.
15. Со својата работа и однесување, водичот го штити угледот и интересите на колегите, Македонската Асоцијација на Водичи и Придружници, работодавците, нивниот град, земја , а со самото тоа и својот личен.
Придржувајќи се кон одредбите од овој кодекс ,водичот добива можност за квалитетна евалуација за неговата работа и професијата како целина.
Со овој кодекс на МАТВП кој што е изработен по пример на повеке кодекси кој се користат во регионот и пошироко од многу здруженија, ви укажуваме дека со почитување на овој кодекс во целина ке создадете поинаква слика за професијата која ја извршувате а секако дека тоа ке има позитивен ефект за вас во вашето понатамошно работење како одлика на вашето професионално однесување и што подобра евалуација од страна на работодавците односно Туристичките Агенцији од земјата и странството.Заради тоа МАТВП како една Професионална Асоцијација ве охрабрува и се надева дека вие како член ке го почитувате овој кодекс.
Скопје, 2020 година МАТВП.